Утрински Весник
Спорт

Кристенсен е најблиску до Барселона

Кристенсен е најблиску до Барселона

Андрес Кристенсен по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“. Данецот не успеал да се договори со Челси околу новиот договор, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Кристенсен со доаѓањето на Томас Тухел стана стандарден во првата постава. Тој цела деценија е во Челси, претходно беше дел од Академијата на Челси.

Данецот немал намера да игра за некој од ривалските клубови од Премиер лигата. Англичаните пишуваат дека и Баерн покажува интерес за него, но дека тој решил да се пресели во Барселона.

> Кристенсен е најблиску до Барселона <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија