Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Инспекциски надзори за наплата на комуналните такси и данок на имот во Скопје

Град Скопје: Инспекциски надзори за наплата на комуналните такси и данок на имот во Скопје

Екипи од Одделението за даночна инспекција, како и за инспекција за наплата на комунални и други такси при Инспекторатот на Град Скопје, продолжуваат со редовни контроли и надзор врз наплатата на таксата за правните и физичките лица, информираат од оваа институција.

Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

„Градот Скопје ги продолжува редовните инспекциски контроли со цел обезбедување почитување на прописите на терен и воспоставување систем на еднаквост и правичност, при што неселективно ќе се изрекуваат казни за сите кои не го почитуваат законот“, е наведено во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена