Утрински Весник
Свет

Информации за таен состанок во Русија: „Путин е гневeн, мислеше дека лесно ќе победи“

Информации за таен состанок во Русија: „Путин е гневeн, мислеше дека лесно ќе победи“

Естонскиот европратеник Рихо Терас, поранешен министер за одбрана на Естонија, на својот профил на „Твитер“ објави дека има информации од разузнавачки кругови дека Путин одржал тајна средба со руски генерали и олигарси и дека е гневен.

Според оваа објава, станува збор за доверливи информации добиени од украински офицер, за состанок во седиштето на Путин во Урал.

Според тврдењата, олигарсите биле собрани таму за никој да не бега.

Еве што напиша Терас:

Путин е гневен, мислеше дека ќе победи лесно и брзо.

Тој е гневен зошто мислеше дека целата војна ќе заврши брзо, за еден до четири дена и ќе победи без проблем.

Русите немаа тактички план. Војната чини милиони долари дневно. Ракети има максимум 3 – 4 дена, ги користат умерено.

Им недостига оружје, фабриките не можат физички да ги исполнат нарачките за оружје. Пушки и муниција се најмногу што можат да обезбедат.

Ако Украина успее да ги задржи Русите 10 дена, тогаш Русите ќе мора да преговараат. Затоа што немаат пари, оружје или ресурси, иако се рамнодушни кон санкциите.

Припадниците на Специјалните операции се во близина на Киев од 18 февруари. Целта беше да се окупира Киев и да се воспостави марионетски режим.

Подготвуваат провокации против невини цивили за да предизвикаат паника. Тоа е нивниот адут.

Целиот план на Русија се потпира на тоа цивилите и војниците да се предадат, а Зеленски да побегне.

Тие очекуваат Харков прво да се предаде и се надеваат дека и другите градови ќе го следат ваквиот пример за да избегнат крвопролевање. Русите се шокирани од жестокиот отпор на кој наидоа.

Украинците мора да избегнуваат паника. Ракетирањето служи само за заплашување, заклучува естонскиот политичар.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци