Утрински Весник
Свет

Русија: Станбената зграда во Киев ја погодија Украинците, а не ние

Русија: Станбената зграда во Киев ја погодија Украинците, а не ние
Dik 300x250 mk

Руското министерство за одбрана ги демантираше информациите дека една од неговите ракети погодила станбена зграда во Киев, тврдејќи дека штетата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета, објавија руските државни новински агенции, цитирајќи извор од министерството.

„Информациите што се шират на социјалните мрежи за руски ракетен напад врз станбената зграда на авенијата Лобановски во Киев не се точни“, изјавил извор од Министерството за одбрана, а пренесуваат ТАСС и РИА Новости.

„Природата на оштетувањето на зградата укажува дека била погодена од противвоздушна ракета. Тоа јасно се гледа на видеото“, додаваат тие.

„Очигледно, за време на одбивањето на ноќниот ракетен напад врз воената инфраструктура на Украина, дошло до дефект во системот за водење на проектили на украинскиот систем за противвоздушна одбрана со среден дострел Бук-М1, а проектилот го погодил аголот на станбена зграда“, додава изворот.

Си-ен-ен за овој случај посебно се обратил до руското Министерство за одбрана, но сè уште не добил одговор.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени