Утрински Весник
Спорт

ФИБА им се закани на БиХ – Мора да играат против Литванија

ФИБА им се закани на БиХ – Мора да играат против Литванија

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, ќе мора да да го одигра натпреварот со Литванија, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Доколку БиХ останат при своите најави и не го се појават во Вилнус, ФИБА најави дека жестоко ќе ги казни.

„Цел ден вршевме проценка на ситуацијата, заклучивме дека оваа не е момент кога тимот треба да патува во ризично подрачје. Ова е став на Кошаркарскиот сојуз на БиХ, струшниот штаб и играчите. Од дипломатски канали добивме информација дека во Литванија ќе биде воведена вонредна состојба. Тоа е држава која се граничи со Русија и Белорусија. Значи никој не може да не убеди дека не донесовме исправна одлука. Засега не знаеме со какви последици ќе се соочиме од страна на ФИБА, но во овој момент најважна е безбедноста на играчите и стручниот штаб“, изјави во петокот генералниот секретар на на Сојузот, Амер Чолан.

ФИБА порача дека ќе ја елиминира БиХ од квалификациите за Муднисјалот. Поради ова БиХ ја сменија одлуката, ги собраа играчите и ќе се упатат кон Вилнус.

Натпреварот Литванија-БиХ ќе се одигра утре од 21.30 часот.

> ФИБА им се закани на БиХ – Мора да играат против Литванија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина