Утрински Весник
Македонија

Државниот пазарен инспекторат затвори локал во Велес

Државниот пазарен инспекторат затвори локал во Велес
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Непоседување фискални апарати, гости без сертификати, запечатен објект– акциска контрола на угостителски објекти во Велес (Видео)

Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спровеле акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес.

„Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес“, информираат од МВР.

При контролата во еден од објектите утврдено било непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи.

Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.

Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот, за што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

МЗ: Итензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување кај детето

Традиционална Бадникова прослава 2026 во Крива Паланка – 24info.mk

Николоски: Градежништвото порасна на 21 % што е историски највисок раст , тоа е резултат на капиталните проекти