Утрински Весник
Свет

Песков: Украина ги отфрли преговорите, руската операција продолжува

Песков: Украина ги отфрли преговорите, руската операција продолжува

Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на офанзивата во Украина во петокот, очекувајќи преговори со Володомир Зеленски, но порачал воените дејствија да продолжат кога тоа не се случило.

Владиниот портпарол Дмитриј Песков изјави дека операцијата продолжила во саботата попладне откако украинското раководство одбило да преговара, пренесува „Ројтерс“.

Кремљ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин наредил прекин на офанзивата во Украина во петокот, очекувајќи преговори со Владимир Зеленски, но им рекол да продолжат кога тоа нема да се случи.

Владиниот портпарол Дмитриј Песков изјави дека операцијата продолжила во саботата попладне откако украинското раководство одбило да преговара, пренесува Ројтерс.

Киев и денеска трпи ракетни напади и улични борби, но бранителите и жителите се охрабрени од претседателотЗеленски кој ги повика да продолжат да се спротивставуваат на руската инвазија, која досега ги однесе животите на речиси 200 цивили.

Зеленски објави пркосна видео порака од улиците на Киев по ноќта со интензивни престрелки и експлозии.

„Украинците нема да го остават оружјето или да се предадат на напаѓачките сили, како што бара рускиот претседател Владимир Путин“, рече тој.

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци