Утрински Весник
Свет

Кличко прогласи нов полициски час во Киев

Кличко прогласи нов полициски час во Киев
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британското Министерство за одбрана соопшти дека повеќето руски сили кои напредуваат кон главниот град на Украина, Киев, сега се на 30 километри од центарот на градот.

Велика Британија, која претходно ги оспоруваше руските извештаи дека руските сили го зазеле југоисточниот град Мелитопољ, рече дека украинската војска продолжува да дава отпор низ целата земја.

„Руските сили продолжија да напредуваат во Киев, а повеќето од нивните сили сега се на 30 километри од центарот на градот“, објави Министерството за одбрана на „Твитер“.

„Русија допрва треба да воспостави контрола над својот воздушен простор над Украина, што во голема мера ја намалува ефикасноста на руските воздухопловни сили. Руските жртви веројатно ќе бидат тешки и поголеми отколку што очекува или признава Кремљ“, се вели во извештајот.

Во меѓувреме, Киев прогласи нов полициски час.

Според градоначалникот, Виталиј Кличко, тој ќе трае од 17 до 8 часот. Одлуката почнува денеска.

„Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантско-извидувачки групи“, порача тој.

Првиот полициски час беше воведен пред два дена.

Можете да прочитате

Сопствениците на барот во Кран-Монтана се живи, идентификувано е тело на 17-годишен италијанец

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести