Утрински Весник
Свет

Франција заплени руски брод

Франција заплени руски брод
Dik 300x250 mk

Француската поморска полиција рано утринава заплени брод во каналот Ла Манш кој, според француските власти, би можел да припаѓа на руска компанија осомничена дека ги прекршила трговските санкции поврзани со војната во Украина.

Бродот бил пренасочен кон француското пристаниште Булоњ-сур-Мер помеѓу 3 и 4 часот наутро, изјави Вероник Мањин од Француската поморска префектура, додавајќи дека царинските службеници вршат проверки.

„Руски товарен брод долг 127 метри наречен ‘Балтик лидер’ кој превезувал автомобили бил пресретнат од француската морнарица во текот на ноќта во Каналот и придружуван до пристаништето Булоњ-сур-Мер во северна Франција“, рече официјален претставник.

Руската амбасада во Франција побарала објаснување од француските власти поради запленувањето на рускиот товарен брод, пренесе руската новинска агенција РИА.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим