Утрински Весник
Магазин

Евросонг 2022 без Русија

Евросонг 2022 без Русија

Русија доби забрана за учесто на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.

Европската радиодифузна унија, која го организира панконтиненталниот музички настан, отстапи од претходната одлука и ја исфрли Русија од овогодинешниот натпревар по нејзината инвазија на Украина и во услови на широко распространета осуда, објавија светските медиуми.

„Одлуката ја одразува загриженоста дека, во услови на криза без преседан во Украина, вклучувањето на руската пријава за учество во овогодинешниот натпревар ќе ја доведе конкуренцијата на лош глас “, се наведува во соопштението на организаторите.

„ЕБУ е аполитична организација членка на радиодифузери посветени на одржување на вредностите на јавниот сервис. Остануваме посветени на заштитата на вредностите на културниот натпревар кој промовира меѓународна размена и разбирање, ја зближува публиката, ја слави различноста преку музика и ја обединува Европа на една сцена“.

Овој потег означува значителен пресврт за ЕБУ откако во петокот украинската државна телевизија, UA: PBC, побара да не ѝ дозволат на Русија да учествува.

„ЕБУ“ првично соопшти дека Русија и Украина би биле добредојдени да се натпреваруваат.

Можете да прочитате

Голема Back to School забава во Џевахир Мол: Диџеј Боно и омилените маскоти ги пречекуваат децата на првиот училишен ден

Дневен хороскоп за 31 Август 2026 година

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании