Утрински Весник
Економија

Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора

Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора

Проф. д-р Орце Симов е нов претседател на Комора за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората.

Симов по професија е електро инженер, основач на компанијата „Компјунет инженеринг“ и редовен професор на Факултетот за Информатика на МСУ, каде и во два мандати беше декан, долгогодишен член на Управниот Одбор на Сојузот и член на Советот на иноватори при Националната асоцијација на иноватори на Македонија – НАИМ.

Симов истакна дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон обезбедување на развој, унапредување и зголемување на ИКТ бизнисот во Македонија и заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.

„Меѓу приоритетите во делување е создавање на услови ИКТ компаниите да развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност наместо да се ориентираат кон outsourcing услуги. Од особено значење е и развој на ИКТ технолошка зона за македонските ИКТ компании која ќе биде на одбрана локација во урбаното градско подрачје на Скопје. Зголемување на извозот на ИКТ производи и услуги преку градење на извозни капацитети, обезбедување на информации за саеми, штандови и други форми за презентација на производите и услугите. Неопходно е и брзо прилагодување на законските регулативи на новите технологии во светот што ќе овозможи пристап и легална работа со нив уште во нивните рани фази. Потребно е и дигиталната трансформација на институциите во Македонија и дигитализацијата на услугите да се базира на домашни ИКТ компании што ќе овозможи градење на капацитети и излез и понуда на производите и услугите на странски пазари“, изјави Симов.

Тој додаде и дека е потребно да има и поголема поддршка на иновациите и зголемување на бројот и разновидноста на финансиски инструменти за финансирање на старт-ап  и постоечки компании како основен услов за развој на економијата и спречување на емиграцијата на младите лица.

На седницата беа избрани и нови членови на органите на управување на ИКТ Комора како и тројца нови потпретседатели на ИКТ Комора, Илија Серафимов, Горан Митрески и Ненад Фидановски.

На досегашниот претседател на ИКТ Комора, Саша Огненовски му беше врачена Благодарница за исклучителниот ангажман во Комората и личниот придонесот кој го дал со цел креирање на подобро деловно окружување за развој на ИТК секторот.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

ВМРО-ДПМНЕ: Со новите мерки на Владата граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно