Утрински Весник
Свет

На границата од Словачка и Украина колона долга 6 километри

На границата од Словачка и Украина колона долга 6 километри

На границата меѓу Словачка и Украина од словачка страна има колона долга 6 километри, јавува Н1, а на граничниот премин пристигнуваат голем број бегалци.

„Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата. Украина ги мобилизираше мажите на возраст од 18 до 60 години и мора да ја бранат својата земја. Затоа сите овие мажи ги носат своите сопруги до граничниот премин, своите деца, па и домашните миленици. Ги возат до границите на Полска, Словачка, Молдавија, Унгарија и Романија. Тие всушност сакаат да стигнат до западноевропските земји, особено во Европската унија“, вели репортерката.

„Тука се и Црвениот крст, разни превозници и оператори кои споделуваат бесплатни СИМ-картички. Најмалку 50.000 луѓе ја напуштија Украина. Словачка има три прифатни центри, Полска има девет“, известува репортерката на телевизијата Н1.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид