Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ не може да набројат ни два проекта на нивните градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ не може да набројат ни два проекта на нивните градоначалници

Во СДСМ не може да набројат ни два проекта на нивните градоначалници во изминатите сто дена, а не пак да презентираат отчет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ и ДУИ освен што се синоним за криминал и корупција, се познати и по својата неспособност, неработење и неодговорност.

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквата ситуација која ја наследија и покрај сегашните опструкции од централната власт успеаа да завршат и започнат 1.090 проекти.

Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажале дека можат и умеат.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт