Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски: Русите вечерва ќе се обидат да го нападнат Киев, ноќта ќе биде тешка

(Видео) Зеленски: Русите вечерва ќе се обидат да го нападнат Киев, ноќта ќе биде тешка

Вечерва непријателот ќе ги искористи сите расположливи средства за да го скрши нашиот отпор, истакна претседателот на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерашното драматично обраќање предупреди преку видео изјава дека Русите ќе го нападнат Киев во наредните часови, јавува Би-би-си.

„Оваа ноќ ќе биде тешка, многу тешка, но утрото ќе дојде. Вечерва непријателот ќе ги искористи сите расположливи средства да го скрши нашиот отпор. Вечерва ќе започне напад. Мора да истраеме вечерва. Во моментов се решава судбината на Украина“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела