Утрински Весник
Свет

(Видео) Додека бомби паѓаат врз градот, бебињата ги кријат во подрум

(Видео) Додека бомби паѓаат врз градот, бебињата ги кријат во подрум

Новородените бебиња во источниот украински град Днепар се префрлени во импровизирани засолништа во болница додека руските сили ја напаѓаат Украина.

Десетина бебиња кои биле задржани на одделот за новороденчиња, брзо биле префрлени во подрумот на болницата лоцирана во источниот дел на земјата.

На видеото кое го објави „Њујорк Тајмс“ се гледаат медицински сестри кои се грижат за бебињата, а неколку од нив ги држат бебињата во раце и ги нишаат. На видеото се прикажани и кеси на надувување за доставување воздух на децата кои имаат тешкотии со дишењето.

https://www.youtube.com/watch?v=R40A9LFzD-U

Д-р Денис Сурков, шеф на одделот во Регионалната детска клиника во Днепропетровск, во порака за „Њујорк Тајмс“ изјави дека тоа е нивната реалност.

Кога започнала инвазијата, докторот рекол дека се нервозни и многу збунети.

Днепар беше меѓу десетината градови и населени места во Украина кои беа гранатирани од Русија во четвртокот. Ракетите погодија цели во реките Днепар, Харков и низа други места.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид