Утрински Весник
Свет

(Видео) Огромен број граѓани се обидуваат да го напуштат Киев со воз, бегаат од војната

(Видео) Огромен број граѓани се обидуваат да го напуштат Киев со воз, бегаат од војната

Според последните информации на светските медиуми, поголемиот дел од руските воени сили се на 50 километри од самиот центар на Киев, главниот град на Украина.

Во меѓувреме, во главниот град на Украина се забележани големи толпи на луѓе во подземните станици. Граѓаните на секој начин се обидуваат да го напуштат Киев, а голем број од нив решија да си ја пробаат среќата во возови.

Има голема гужва, а возовите кои заминуваат од Киев се преполни со преплашени жители на овој град, пренесуваат агенциите.

Инаку, од утрово според новинарските записи, украинските вооружени сили соопштија дека и нанеле големи загуби на Русија, а министерството тврди дека руските сили изгубиле 2.800 војници. Не е јасно дали војниците се убиени, ранети или заробени, пишуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

САД, Украина и Русија на мировни преговори во Абу Даби

Зеленски ги прозва лидерите на ЕУ: Слаби сте, Трамп нема да ве слуша

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите