Утрински Весник
Македонија

Постигнат одреден напредок во работата на заедничката комисија со Бугарија

Постигнат одреден напредок во работата на заедничката комисија со Бугарија

Во заедничко соопштение на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, е наведено дека на 24 и 25 февруари во Софија била одржана 17-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.

Средбата, како што е наведено во соопштението поминала во конструктивна и отворена атмосфера, што придонесе како што е напишано за постигнување на одреден напредок во работата на Заедничката комисија.

„Во рамките на Заедничката седница на Владите на Бугарија и Северна Македонија, кое се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на месец мај. Членовите на Комисијата ја потврдија посветеноста за одржување на активен дијалог. Се планира следната средба на Комисијата да се одржи кон крајот на месец март или почетокот на април во Скопје“, стои во писмениот допис.

Можете да прочитате

Денеска СДСМ објавува нов скандал за Агенцијата што раководи со парите од Еразмус

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

Државна матура ќе полагаат оние кои не положија во јунскиот рок, пријавени се 1118 ученици