Утрински Весник
Магазин

Џон Бон Џови го продава луксузниот апартман во Гринич Вилиџ

Џон Бон Џови го продава луксузниот апартман во Гринич Вилиџ

Рок легендата Џон Бон Џови (59) го продава својот луксузен апартман во елитниот кварт Гринич Вилиџ на Менхетен по цена од 22 милиони долари.

Тој гледа во добивка од повеќе од 3 милиони долари, според The Robb Report, бидејќи го купи за 18,4 милиони долари во 2017 година.

Прекрасниот стан има четири спални соби и четири бањи, според огласот во Compass, кој се појави пред повеќе од  една недела.

Се простира на површина од 3.951 квадратни метри, има прекрасен поглед на Долниот Менхетен и реката Хадсон благодарение на прозорците од подот до таванот. Има и приватен лифт и приватна градина.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои мислат дека луѓето ќе се променат 

Вил Смит се соочува со тужба за сексуално вознемирување

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година