Утрински Весник
Свет

Кличко: Влеговме во одбранбена фаза

Кличко: Влеговме во одбранбена фаза

Украински воени возила влегоа во Киев за да се одбранат од напредувањето на руските сили. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно изјави дека градот влегол во одбранбена фаза.

Руските проектили паднаа и денеска во Киев, на чии жители им беше кажано да подготват молотови коктели и да го бранат градот. Првите руски единици претходно влегоа во северната област Оболон во Киев. Москва тврди дека го вратила аеродромот Хостомел северозападно од градот, витална точка за планираниот напад врз градот.

„Градот е во фаза на одбрана. Летаат куршуми, во некои населби одекнуваат експлозии. Саботерите веќе влегоа во градот“, рече Кличко.

Главниот штаб на украинската армија извести дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинската војска убила повеќе од илјада руски војници. Украинската војска смета дека Русите се обидуваат да воспостават коридор од Крим до сепаратистичките области во источна Украина.

Претседателот Володимир Зеленски на Твитер објави за жестоки борби на влезот во источните градови Чернихив и Мелитопол. Американските власти веруваат дека целта на Русите е да го соборат Зеленски и неговата влада.

 

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Лавров: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи

Трамп укина правило старо речиси 100 години – тој ќе одлучува кој од новинарите ќе ја следи неговата работа во Белата куќа