Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Манчестер јунајтед ја прекинаа соработката со „Аерофлот“

Манчестер јунајтед ја прекинаа соработката со „Аерофлот“
300x250 opst2

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед објави дека ја раскинал спонзорската соработка со руската национална компанија „Аерофлот“.

„Поради се она што се случува во Украина, го прекинавме спонзорскиот договор со Аерофлот. Ја делиме загриженоста на нашите навивачи и сочувствуваме со сите оние кои се под директно влијание на овие настани“, се наведува во соопштението.

„Аерофлот“ беше официјален превозник на Манчестер јунајтед од 2013 година. Актуелниот договор имаше важност до 2023 година.

Клубот не леташе со авион на оваа компанија кога во средата гостуваше во Мадрид, кај Атлетико, во Лигата на шампионите.

Вчера, британскиот премиер, Борис Џонсон, ја забрани работата на „Аерофлот“ во Велика Британија.

> Манчестер јунајтед ја прекинаа соработката со „Аерофлот“ <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица