Утрински Весник
Свет

„Нова“: Вучиќ го одбил предлогот на ЕУ за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

„Нова“: Вучиќ го одбил предлогот на ЕУ за поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Членовите на српската Влада на вчерашната седница на која присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ одлучиле да не го прифатат предлогот на Европската Унија Србија да го осуди загрозувањето на територијалниот интегритет на Украина, односно да апелира да се почитува меѓународното право.

Како што дознава „Нова.рс“, Србија не го прифатила предлогот на ЕУ да гo осуди загрозувањето на територијалниот интегритет на Украина и нема да ја осуди руската инвазија на таа земја.

Ваквиот став, како што пишува „Нова“, треба да го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска, по уште една седница на Советот за национална безбедност и средбата со патријархот Порфирио, со кого ќе разговара и за ситуацијата во Украина.

Можете да прочитате

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви