Утрински Весник
Спорт

Дерозан ги приземји „јастребите“ од Атланта, Денвер победија во Сакраменто

Дерозан ги приземји „јастребите“ од Атланта, Денвер победија во Сакраменто

Седум натпревари се одиграа во НБА лигата по Ол стар викендот. Фаворитите забележаа победи. Во најинтересниот меч Чикаго ја победи Атланта.

Чикаго против Атланта дојдоа до шестата победа по ред и до делба на првата позиција во Источната конференција. Булс до победата дојдоа во последните 40 секунди со поените на Дерозан и Грин од линијата за слободни фрлања.

Демар Дерозан мечот го заврши со 37 поени, 20 постигна Зек Лавин. Атлната со 27 поени ја предводеше Богдан Богдановиќ. Поен помалку постигна Данило Галинари.

Денвер во последната четвртина ја обезбедија победата во Сакраменто. Доминираше на теренот Вил Бартон со 31 поен. Никола Јокиќ запиша 25 поени, 12 скока и девет асистенции. На спротивната страна доминираше Домантас Сабонис со 33 поени и 14 скокови.



Резултати:

Портланд-Голден стејт 95:132
Сакраменто-Денвер 110:128
Чикаго-Атланта 112:108
Минесота-Мемфис 119:114
Оклахома-Финикс 104:124
Бруклин-Бостон 106:129
Детроит-Кливленд 106:103

> Дерозан ги приземји „јастребите“ од Атланта, Денвер победија во Сакраменто <

Можете да прочитате

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност