Утрински Весник
Свет

Анџелина Џоли: Се молам за народот на Украина

Анџелина Џоли: Се молам за народот на Украина
Dik 300x250 mk

Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли, позната и по борбата за човекови права, на Инстаграм ја коментираше руската инвазија на Украина.

– Како и многумина од вас, се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги во УНХЦР, е да направам се што е можно за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот.

Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови барајќи безбедност. Рано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се пренагласи – изјави Анџелина Џоли.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка