Утрински Весник
Свет

Зеленски: НАТО не е подготвен да ја прифати Украина, сами ја браниме нашата земја

Зеленски: НАТО не е подготвен да ја прифати Украина, сами ја браниме нашата земја

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека лидерите на европските земји не се подготвени да соопштуваат детали кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО, додавајќи дека Киев не се плаши да зборува за неутрален статус на Украина.

„Оставени сме сами во одбраната на нашата земја. Кој е подготвен да и даде гаранција на Украина за влез во НАТО? Искрено, сите се плашат“, рече Зеленски во синоќешната видео порака, пренесува Интерфакс.

„Им порачувам на сите партнери на нашата земја – сега е важен момент, се решава судбината на нашата земја. Ги прашувам дали се со нас? Тие одговараат дека се со нас, но не се подготвени да не прифатат во алијансата“, рече Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера наутро најави почеток на специјална воена операција во Украина.

Кремљ објави дека во Украина не се води војна, туку специјална операција, чија цел е денацификација на земјата и демилитаризација, во интерес на безбедноста на Русија.

Можете да прочитате

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија

Кина воведе строги забрани за патување во странство за прекршителите на правилата за трансфер на технологии

Демографски рекорд во Јапонија: Повеќе од сто илјади лица постари од сто години