Утрински Весник
Спорт

Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми

Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми

Шарл Леклер ги постави Ферари на првото место на вториот ден од тестирањето во Барселона, во ден во кој Ред бул имаше проблеми со менувачот на Серхио Перез и загуби драгоцено време за анализа на податоците.

Изгледаше дека Мекларен ќе бидат втор ден едноподруго најбрзи во Барселона, откако Даниел Рикардо имаше најдобро време, пред Леклер да има круг од 1:19.689 за прво место пред Пјер Гасли во Алфа Таури и Рикардо на третото место.

Новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел беше трет најбрз, комплетирајќи 65 кругови, откако во текот на утринската сесија, Луис Хамилтон имаше само 40 круга и беше последен според поставеното време.

Сепак, Мерцедес и нивните 105 круга беа подобри од главните ривали Ред бул, кои комплетираа само 78 кругови, откако Перез загуби два часа поради проблем со менувачот во утринската сесија.

> Леклер и Ферари најбрзи вториот ден во Барселона, Ред бул и Мерцедес со проблеми <

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката