Утрински Весник
Свет

Украина: Русите погодија болница

Украина: Русите погодија болница

Украинската полиција соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија.

Украинската војска соопшти дека четири лица загинале, а 10 се повредени кога руска граната погодила болница во Вуледар во областа Доњецк во источна Украина. Се вели дека меѓу повредените има и шест лекари.

Од украинското Министерство за надворешни работи претходно соопштија дека еден руски хеликоптер К-52 и три хеликоптери во близина на Гостомел биле соборени во регионот на Киев.

Советникот на украинскиот претседател изјави дека Киев стравува oти руски падобранци ќе бидат инфилтрирани во Украина и ќе се обидат да го преземат седиштето на владата во Киев, пренесе „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата

Објавено е колку авиони изгубија САД во војната со Иран