Утрински Весник
Магазин

Која е Наташа Басет, новата девојка на Илон Маск?

Која е Наташа Басет, новата девојка на Илон Маск?

Се чини дека милијардерот Илон Маск продолжува понатаму по крајот на врската со пејачката Грајмс во септември минатата година.

Најбогатиот човек на светот, кој минатата година му ја одзеде титулата на Џеф Безос, неодамна беше забележан со 27-годишната актерка Наташа Басет.

Анонимен извор изјави за „Дејли мејл“ дека Басет, која неодамна беше фотографирана како излегува од приватниот авион на Маск во Лос Анџелес, се гледа со 50-годишниот извршен директор на „Тесла“ извесно време и дека тие прво биле пријатели, а пријателството се рзавило во романса откако тој се раздели со Грајмс.

Таа ја играше Бритни Спирс во биографскиот филм Britney Ever After (2017).

Tаблоидите откриваат дека таа е Австралијанка. Басет е родена во Сиднеј, Австралија и била на својата прва аудиција на 14-годишна возраст, кога добила главна улога во театарска претстава „Ромео и Јулија во австралискиот театар за млади.

Се пресила во Њујорк кога имала 19 години. Таблоидите пренесуваат дека сега таа е сценарист, а и режисер.

На прашањето што ја привлекува кај 50-годишниот Маск, Наташа одговори – неговиот ум.

Илон, наводно, ја обожава бидејќи е паметна и интересна.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста