Утрински Весник
Свет

Паника во Киев, огромни гужви на бензински пумпи и банкоматите: Луѓето го напуштаат градот

Паника во Киев, огромни гужви на бензински пумпи и банкоматите: Луѓето го напуштаат градот

Потресни сцени пристигнуваат од Киев, каде по првите детонации забележани се колони возила на бензинските пумпи и на улиците. Исплашените луѓе бегаат во засолништа.

Автомобилите одат на запад во Киев, далеку од експлозиите на исток.

Се гледа и дека на бензинските пумпи има големи редици, а хаос и на банкоматите.

Би-би-си јавува дека многу граѓани на Киев нашле засолниште во метро станиците, додека други побрзале да се качат во автобуси за да го напуштат градот.

Руската армија започна напад врз Украина, по ненадејната најава на Владимир Путин, кој во директен ТВ пренос објави дека Русија тргнува во воена операција.

Претседателот на Русија најави почеток на воени операции за време на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Светските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат низ цела Украина, дури и во Киев и Харков, најголемите градови во земјата.

Украина веднаш го затвори воздушниот простор на земјата за цивилни летови.

Можете да прочитате

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран

Фицо: Западот e делумно виновен за тековната војна во Украина

Илјадници луѓе се приклучија на протестите против масовниот туризам на Канарските Острови