Утрински Весник
Свет

Италија на 31 март ќе ја укине вонредната состојба – се враќа нормалниот живот

Италија на 31 март ќе ја укине вонредната состојба – се враќа нормалниот живот

Италијанската влада ќе ја укине вонредната состојба воведена поради коронавирусот на 31 март, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги.

Тој вети постепено враќање на нормалниот живот по повеќе од две години здравствена криза.

„ Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата со пандемијата, подготвени сме да интервенираме во случај на скок на бројот на заболени. Но, нашата цел е да се отвориме целосно, што е можно поскоро“ рече Драги во говорот во Фиренца.

Вонредната состојба за прв пат беше воведена во Италија на 31 јануари 2020 година, а оттогаш таа неколку пати беше обновувана.

Можете да прочитате

Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец

Пукање во Калифорнија, едно лица загинато, шест повредени

Трамп: Глупави луѓе инсистираат на нови санкции против Русија