Утрински Весник
Македонија

Милевски го прими косовскиот колега Дамка: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

Милевски го прими косовскиот колега Дамка: Заедничка цел е максимално користење на ИПА фондовите

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, денеска се сретнаа во Клубот на пратеници, во знак на соработката меѓу двете министерства во спроведувањето на проекти за регионален развој и за споделување на искуства во функција на зајакнување на административните капацитети.

Милевски појасни дека Северна Македонија поради големите развојни разлики меѓу одделни делови, со Закон има воспоставено 8 плански региони и досега само со Косово, како што рече, имаме имплементирано вкупно 20 проекти во вкупна вредност од 7,4 милиони евра, меѓу кои и стратешкиот проект, граничниот премин Белановце-Станчич.

„Она што е важно за оваа програма е дека подготвуваме нов, последен јавен повик кој треба да биде објавен за околу еден месец, во вредност од околу 3 милиони евра. Очекуваме голем број партнерства и апликации од двете земји со проектни предлози во областа на заштитата на животната средина, на културното наследство и за развој на туризмот. Целта е да работиме на зајакнување на нашите административни капацитети за побрз развој на регионот со максимално користење на средствата од ИПА инструментот на Европската Унија. Нашите две држави, општините, граѓанските организации и институциите имаме воспоставено одлична соработка во спроведувањето на ИПА Проектите за прекугранична соработка уште од 2010 година“, истанка македонскиот министер.

Можете да прочитате

Алармантен раст на рак на грлото на матката – Најмлада пациентка на 18 години, бројот на нови случаи речиси двојно зголемен

Од понеделник најавен е прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Потврдено присуство на жива и сребро во каналот кај Таор со бела пена од ноември