Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс бара нова куќа: Време е за промена

Бритни Спирс бара нова куќа: Време е за промена

Еден ден откако склучи договор вреден неверојатни 15 милиони долари за да раскаже сè за 13-годишниот конзерваторски надзор во книга, Бритни Спирс бара нов дом.

40-годишната поп ѕвезда се огласи на Инстаграм во вторникот вечерта за да сподели две кратки видеа од глетката од спалната соба во сегашната куќа.

Таа откри дека по седум години живеење во оваа куќа, сега е во потрага по нов дом.

„Во оваа куќа живеев седум години и сега сум во процес на барање нов дом. Време е за промена,“ напиша таа во објавата.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?