Утрински Весник
Македонија

Османи со граѓанските организации разговарал за дијалогот со бугарската влада

Османи со граѓанските организации разговарал за дијалогот со бугарската влада

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварил средба со претставници на повеќе граѓански организации во земјата, со цел да се разменат мислења за севкупниот контекст на односите во врска со обновениот дијалог меѓу Владите на Македонија и Бугарија, а станало збор и за актуелните надворешно-политички актуелности, информираа од Министерството.

„Во рамките на средбата беа споделени размислувањата за динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, а беа дискутирани и разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.

Беше потенцирано дека нашето општество има нужна потреба за конструктивна атмосфера за важните прашања кои ја детерминираат европската иднина на државата. На состанокот се нагласи дека оваа дебата налага искрен пристап од сите актери во земјата, при што сите треба да вложат напори за да ги надминеме и меѓусебните разлики и да изградиме заеднички позиции кои се многу потребни. Кохезивноста е клучна во овој процес, во интерес на добрососедските односи и во интерес на важноста за негувањето на хармонични односи внатре во државата меѓу сите, особено ако се има во предвид важната улога на граѓанските организации во клучните политички процеси на земјата“, велат од МНР.

Во оваа прилика, Османи го најавил и одржувањето на втората конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог, во јуни оваа година, при што упатил апел за активна вклученост и на граѓанските организации за да преку нивните предлози се обезбеди што поголема и побогата програмска содржина за Конференцијата.

Можете да прочитате

Арсовска на покана на Европскиот комитет на региони, ја отвори 162та Пленарна седница посветена на процесот на проширување и пристапување кон ЕУ

Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност, туку транспарентно ќе се избираат членовите, вели Фетаи

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со лажни ветувања ја заглави Македонија