Утрински Весник
Спорт

Мурињо и Рома казнети за „Калчополи“ навредата

Мурињо и Рома казнети за „Калчополи“ навредата

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо доби суспензија од два меча за навреда на судија со коментарот за „Калчополи“ скандалот, додека директорот на клубот, Тијаго Пинто е суспендиран до 8 март, потврди Лега Серија А.

Инцидентот се случи во финишот на 2:2 ремито со Верона на „Олимпико“, кога Мурињо гестикулираше со јавување на телефон кон судијата Лука Паирето, кој е син на поранешниот судија Пјерлуиџи Паирето кој беше вклучен во скандалот од 2006 со местење на мечеви. Постариот Паирето тогаш бил во постојан телефонски контакт со Лучано Моџи, директорот на Јувентус, и гестот на Мурињо беше јасна провокација.

Дисциплинската комисија на Серија А исто така утврди дека Мурињо по крајот на мечот продолжил со „инсинуациите“ додека го спречувал спортскиот директор Пинто да се пресмета со Паирето. Мурињо доби и казна од 20.000 евра, неговиот помошник Луис да Коста Нуно Сантош доби два меча суспензија, фитнес-тренерот Стефано Рапети еден меч суспензија и 5000 евра казна за навреда кон клупата на Верона.

Мурињо VS италијанските судии – „специјалниот“ потсети на „Калчополи“

> Мурињо и Рома казнети за „Калчополи“ навредата <

Можете да прочитате

ВМФЛ: Брегалница триумфираше, Македонија ЃП подобра од Осогово

Франческо Банаја победи на трката за ГН на Јапонија во МОТО ГП

Пеп Гвардиола го напушта Сити?