Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди агресијата на НАТО врз Србија

Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди агресијата на НАТО врз Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ќе ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година.

Ова е неговиот одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, кој порача дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија.

„Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да продолжиме со пријателствата, а на ниту еден начин не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако тоа е веќе така, го повикувам г-дин Александрович да го повика претседателот на неговата земја, Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди ужасната и трагична агресија врз Србија од страна на Соединетите Американски Држави, Британија, Германија и други земји. Ако тој го направи тоа, со задоволство ќе ја прифатам поканата и ќе одговорам на неговите барања“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“ во Монако.

Вучиќ повтори дека политиката на Србија е воено неутрална, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.

„Србија секогаш го поддржувала интегритетот на Украина и тука немало никакви промени“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на Доњецк и Луганск и потпиша со нив „договори за пријателство и взаемна помош“, а потоа и нареди на руската армија да го „чува мирот“ на тие територии.

Можете да прочитате

„Емирати“ забранува пејџери на летовите

Двајца команданти на Хамас убиени во напади во Либан

Украинската армија соопшти дека соборила руски борбен авион