Утрински Весник
Политички Партии

Левица: Ковачевски потврди дека промената на Уставот ќе стане дел од преговарачката рамка

Левица: Ковачевски потврди дека промената на Уставот ќе стане дел од преговарачката рамка

По состанокот помеѓу премиерите на Македонија и Бугарија на безбедносната Конференција во Минхен, Кирил Петков најави внесување на Бугарите во македонскиот Устав, при што Владата на СДСМ и ДУИ со заеднички предлог до Европската комисија ќе ја гарантира новата уставна промена. Ова неминовно значи дека промената на Уставот станува нов услов, кој ќе биде дел од преговарачката рамка за Бугарија да го тргне ветото, велат од политичката партија Левица.

Од таму посочуваат дека деновиве министерот Бујар Османи најавил дека на повидок е нов сеопфатен договор со Бугарија, иако, како што велат од Левица, пред само три години, токму Османи тврдел дека Македонија нема веќе отворени политички прашања.

„Реализирањето на новиот договор ќе зависи од тоа кога Владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието, што ќе претставува само продолжение на преспанското сценарио со уценување и купување пратеници“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека пратениците на Левица ќе ги искористат сите средства за да спречат уште еден договор на штета на државата.

Според партијата на Апасиев, македонскиот Устав, наместо највисок правен акт на државата, уште еднаш е претворен во средство за остварување желби од соседните земји или етнички заедници.

„Нелегитимната Влада нема добиено мандат да води преговори со Бугарија и да дава гаранции за промени во Устав, ниту, пак, има мандат за вршење било каква уставна интервенција. Уставот е внатрешна работа на секоја држава и недозволиво е надворешен фактор да одлучува за негова промена“, стои во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт