Утрински Весник
Свет

ЕУ воведува голема промена околу ковид-сертификатите која важи од денеска

ЕУ воведува голема промена околу ковид-сертификатите која важи од денеска

Европската комисија донесе одлука со која ќе им се овозможи на земјите-членки да издаваат дигитални ковид-сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на брзи антигенски тестови.

„Од денес, новите правила им дозволуваат на земјите-членки да издаваат сертификати за прележан Ковид-19 врз основа на резултати од брзи антигенски тестови“, соопшти Комисијата по усвојувањето на делегиран акт со нови правила за ковид-сертификатите.

Досега потврдите за прележан ковид можеа да се издаваат само врз основа на ПЦР тест.

За да се осигури веродостојноста и точноста на потврдите, употребените тестови мора да бидат на заедничка листа на ЕУ за брзи антигенски тестови, а тестирањето треба да го вршат професионални здравствени работници.

„За да се олесни патувањето, особено за граѓаните заразени со варијантата омикрон, земјите-членки ќе можат да издаваат потврди за болест врз основа на резултатите од висококвалитетните антигенски тестови“, рече комесарот за правда Дидие Рејндерс.

Комесарката за здравство Стела Киријакидес рече дека брзите антигенски тестови се ставени на заедничка листа на ЕУ заснована на независно и квалитетно истражување.

Можете да прочитате

Дрон влезе во романскиот воздушен простор

Дунав на рекордно ниско ниво, Романија го затвора единствениот преостанат нуклеарен реактор

Зеленски за Си-Ен-Ен: Украина има само една 10% од американските пресретнувачки ракети што ѝ се потребни