Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија

Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со поранешните амбасадори на Македонија во Бугарија – Никола Тодорчевски, Александар Василевски и Марјан Ѓорчев. Средбата беше реализирана како дел од пошироките консултации на министерот Османи со истакнати личности од областа на надворешната политика, а поврзано со актуелниот политички дијалог со Република Бугарија.

Османи ги запозна соговорниците со текот на разговорите, меѓусекторската соработка, рефлектирана преку воспоставените работни групи и континуираните средби на највисоко политичко ниво.

Беше нагласено дека надминувањето на отворените разлики, претставува стратешки интерес и за двете држави, за што постои цврста волја и посветеност, која може да се огледа во динамиката на дијалогот меѓу двете Влади и одржувањето на заедничката Владина седница, на крајот на јануари.

Османи изрази интерес за нивните ставови, имајќи го во предвид нивниот мандат во Софија и доброто познавање на земјата.

„ Го ценам Вашето искуство и запознаеност со околностите во односите на нашата држава со Република Бугарија и во оваа фаза на разговори, секоја сугестија и размислување е добредојдена и корисна, со цел размена на мислења и креирање на кохезивност за клучните прашања од стратешки интерес за нашата држава“, заклучи Османи.

Министерот Османи ги информираше своите соговорници дека во тек е процедурата за назначување на нов амбасадор во Бугарија.

Можете да прочитате

Син на полициски командир во Тетово претепал човек, жртвата со тешки повреди пренесена во Скопје

Филипче: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески!