Утрински Весник
Магазин

Познатите личности се простуваат од Џамал Едвардс

Познатите личности се простуваат од Џамал Едвардс

Принцот Чарлс и раперите Дејв и Еј Џеј Трејси се меѓу многуте личности кои му оддадоа почит на британскиот претприемач и јутјуб-ѕвезда Џамал Едвардс, кој ненадејно почина во неделата на 31-годишна возраст.

Едвардс е син на пејачката и водителка Бренда Едвардс, која изјави дека е целосно уништена, пренесува Би-би-си, додавајќи дека „починал по ненадејна болест“.

Принцот од Велс му оддаде почит за неговата работа за The Prince’s Trust.

Едвардс беше пријател на кралското семејство.

А  раперотДејв напиша: „Ти благодарам за сè. Зборовите не можат да објаснат“. Трејси го нарече легенда.

„Почивај во мир, прерано си замина,“ напиша пејачката Дуа Липа.

Од Џамал се прости и фудбалскиот клуб „Челзи“, со оглед на тоа дека беше нивен голем навивач.

Едвардс беше основач на SBTV, онлајн урбана музичка платформа која помогна во стартот на кариерите на уметници како Дејв, Ед Ширан и Скепта. Првпат почнал да се занимава со снимање откако родителите му дале видео камера како божикен подарок кога имал 15 години. На млада возраст отворил свој јутјуб-канал и почнал да ги снима пријателите како пеат.

Можете да прочитате

Шесте најчести показатели дека ви недостасува железо во крвта

Ова се разликите помеѓу лукот во прав и лукот во гранули и совети за нивна употреба

Позитивната промена конечно ќе им затропа на врата: За овие 4 хороскопски знаци тркалото на среќата ќе се сврти во наредните 3 месеци, ги очекува огромно богатство