Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Европските лидери го осудија признавањето на Донецк и Луганск: „Мрачно навестување за она што следува“

Европските лидери го осудија признавањето на Донецк и Луганск: „Мрачно навестување за она што следува“
Img 7972

Претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет и шефот на дипломатијата на ЕУ го осудија признавањето на независноста на регионите Донецк и Луганск од страна на Русија.

Со истовремени пораки Урсула фон дер Лаен, Шарл Мишел и Жозеп Борел најавија силен одговор од ЕУ и нејзините партнери.

„Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, територијалниот интегритет и Договорот од Минск. ЕУ и нејзините партнери ќе реагираат обединето, силно и одлучно во солидарност со Украина“, изјавија највисоките претставници на ЕУ.

Францускиот претседател Емануел Макрон, во меѓувреме свика итен состанок на Советот за национална безбедност по повод настаните во Украина, соопшти Елисејската палата.

Претседателот на Франција претходно денеска разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите на ЕУ со цел да ги координира реакциите на Европа по последните случувања, но и со претседателите на Русија и Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата, пренесува „Ројтерс“.

На прес-конференцијата што ја одржа за укинувањето на мерките за коронавирусот, британскиот премиер Борис Џонсон од новинарите беше прашан за признавањето на Донецк и Луганск од страна на Путин.

„Тоа е флагрантно кршење на меѓународното право и на суверенитетот и интегритетот на Украина. Тоа е отфрлање на договорот од Минск и многу мрачно навестување за она што следува“, рече Џонсон.

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха