Утрински Весник
Свет

Кремљ го потврди признавањето на сепаратистичките републики, се чека обраќање на Путин

Кремљ го потврди признавањето на сепаратистичките републики, се чека обраќање на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да ги признае териториите на проруските бунтовници како независни републики, потврди Кремљ.

Путин претходно најави дека денеска ќе донесе одлука дали ќе ја признае или не независноста на проруските сепаратистички републики во источна Украина.

Проруските бунтовници во самопрогласените држави во источниот украински регион Донбас, Народна Република Донецк и Народна Република Луганск, се борат против украинската армија од 2014 година, но Москва досега официјално не ги призна како независни држави.

Украина и западот стравуваат дека признавањето на двете републики, може да доведе до испраќање руски војници во источна Украина.

Денис Пушилин и Леонид Пашечник, лидерите на бунтовничките републики, денеска јавно апелираа до Путин да ги признае.

Последните денови ситуацијата меѓу Русија и Украина ескалира, а во исто време има драматични изјави на западните сили дека руската инвазија на Украина е прашање на време и дека се подготвува целосен напад.

Можете да прочитате

Волстрит журнал“: Загубите на Русија и Украина достигнале над еден милион убиени и ранети

Инцидент во руската компанија Вајлдберис, убиени двајца полицајци

Португалија прогласи вонредна состојба во областите погодени од пожарите