Утрински Весник
Магазин

Синди Крафорд им заблагодари на фановите за роденденските честитки

Синди Крафорд им заблагодари на фановите за роденденските честитки

Синди Крафорд се огласи на Инстаграм во неделата за да им се заблагодари на фановите за честитките по повод нејзиниот 56. роденден.

Поранешниот супермодел сподели две фотографии на кои седи на маса со роденденска торта.

Атрактивната Синди, која успешно им пркоси на годините, позира во црн топ без ракави додека држи мала жижица. Во описот на објавата, напиша: „Ви благодарам за сета роденденска љубов“.

Доцна во саботата, на самиот роденден, Синди сподели фотографија од неа како дете, а под неа,  ѝ даде совет на „малата Синди“.

„Совет за помладата Синди, би ѝ рекла да биде пољубезна кон себе, да се однесува кон себе онака како што се однесува кон своите пријатели“.

Можете да прочитате

Деца и родители: Што по разводот?

Еве зошто кесичката со чипс никогаш не е полна

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот