Утрински Весник
Свет

ЕУ објави кои санкции ќе ги воведе против Русија во случај на напад

ЕУ објави кои санкции ќе ги воведе против Русија во случај на напад
Dik 300x250 mk

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен откри дел од санкциите со кои ќе се соочи Русија доколку ја нападне Украина, коментирајќи дека во таков случај Москва ќе биде отсечена од меѓународните финансиски пазари.

„Ќе бидат воведени санкции за сите стоки што ги произведуваме, а кои на Русија итно и требаат за да ја модернизира и диверзифицира својата економија, каде што сме глобално доминантни и за кои нема замена“, рече таа во телевизиско гостување.

„Прозорецот е сè уште отворен“

„Воведувањето санкции би имало огромни последици и мора да и’ дадеме шанса на Русија да се врати на дипломатијата и на преговарачката маса. Прозорецот е се’ уште отворен“, изјави Фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, исто така, истакна дека слабоста на Русија лежи во нејзината зависност од извозот на фосилни горива.

„Тоа сочинува две третини од нејзиниот извоз и половина од буџетот на Русија доаѓа од нив (…) Русија треба да се модернизира, а доколку се воведат дополнителни санкции, тоа повеќе не би било можно“, рече претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен најави дека санкциите ќе бидат воведени само доколку Русија ја нападне Украина, отфрлајќи ги, со тоа, повиците на украинскиот претседател Володимир Зеленски да воведе итни санкции против Русија.

Итни сакции денеска побара и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Сметаме дека постојат добри и легитимни причини да се воведат барем дел од санкциите сега за да се покаже дека ЕУ го прави она што го кажува за санкциите“, рече Кулеба од Брисел.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник