Утрински Весник
Свет

Австрија испрати кризен тим во Украина – Шаленберг предупредува дека Русија ја анектира Белорусија

Австрија испрати кризен тим во Украина – Шаленберг предупредува дека Русија ја анектира Белорусија

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг изјави дека припојувањето на Белорусија кон Русија се случува во сенка на руско-украинскиот конфликт и дека на тоа не се посветува доволно медиумско внимание.

„ Гледаме горе-долу анексија на Белорусија, во воена смисла. Лукашенко се откажа од дел од суверенитетот на Белорусија. Тоа е многу загрижувачко“ изјави Шаленберг.

Пристигнувајќи на состанокот на Советот на министри на ЕУ, шефот на австриската дипломатија вели дека најавите за повлекување на руската армија од Белорусија по маневарот не се исполнети и изрази сомневање дека тие некогаш ќе се повлечат од Белорусија.

Поради драматичната ситуација во источна Украина, Австрија испрати кризен тим во земјата, кој го сочинуваат седум искусни службеници од Министерството за надворешни и внатрешни работи и одбрана.

Во тимот има и припадници на специјалната единица на австриската полициска Кобра, соопшти австриската влада.

Главната задача на кризниот тим е да ги поддржи вработените во австриската амбасада во надминување на кризата, а фокусот на нивната работа ќе биде логистика и обезбедување канали за комуникација. Тие треба да им помогнат и на австриските граѓани во случај да ја напуштат Украина.

Министерството за надворешни работи на Австрија издаде предупредување за патување во Украина и ги повика граѓаните да се вратат во земјата.

„ Ситуацијата е сериозна, ситуацијата може да ескалира во секој момент. Го повторувам мојот апел до руската влада да ги искористи сите можности за запирање на спиралата на насилство и запирање на вооружениот конфликт“ изјави канцеларот Карл Нехамер.

Можете да прочитате

Драма на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал

ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах

САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан