Утрински Весник
Свет

Борел: Ситуацијата во Босна е позагрижувачка од кога било

Борел: Ситуацијата во Босна е позагрижувачка од кога било

Шефот европската дипломатија Жозеп Борел, изрази загриженост поради „центрифугалните трендови“ во Босна и Херцеговина, еден ден откако босанските Хрвати се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните избори и ќе формираат свој регион во таа проблематична балканска држава.

Борел предупреди на конференцијата за безбедност во Минхен дека ситуацијата е „позагрижувачка од кога било“ за поранешната југословенска република, која веќе е поделена на бошњачка и хрватска федерација и ентитет со доминантно српско население наречена Република Српска, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Босанските државни власти и меѓународната заедница веќе се борат со сецесионизмот предводен од еден од лидерите на трипартитното претседателство на Босна, водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Исто така, има зголемени притисоци да се најде решение за хрватските жалби — во некои случаи поддржани со меѓународни правни пресуди — дека поделбите на Босна врз етничка основа, воспоставени во 1995 година, се дискриминаторски и мора да бидат укинати.

Можете да прочитате

Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ

Пожарот во хемиската фабрика во Америка создаде огромен облак, евакуирани 17.000 луѓе

На изборите во Австрија победи партија формирана од нацистите