Утрински Весник
Магазин

Канје Вест го загуби договорот за спонзорство на „Епл“

Канје Вест го загуби договорот за спонзорство на „Епл“

Канје Вест стана попроблематичен од кога било досега. Toj ги објавува сите новости на својот Инстаграм-профил, можеби споделувајќи малку премногу.

Неодамна, тој се огласи на социјалната мрежа за да објави дека изгубил голем спонзорски договор со „Епл“.

Неговата реклама со „Мекдоналдс“ за „Супербоул“ беше хит. Очигледно раперот имал спонзорски договор и со „Епл“. Нема детали за каков вид на спонзорски договор станува збор. Тоа може да биде спонзорство поврзано со неговата музика или други деловни потфати.

Канје сподели скриншот од разговор со човек од неговиот тим. Во описот се наведува дека „Епл повеќе не склучува договор за спонзорство“. Додаде и емотикон смешко што ги превртува очите, сакајќи да покаже дека не му пречи ваквиот потег на спонзорот.

Тој исто така ги информираше своите фанови и следачи дека планира да се појави на подкаст, најверојатно во Мајами, каде сака да зборува за филмови.

Можете да прочитате

Денеска ќе се случи целосно затемнување на Сонцето ширум светот: НАСА предупредува овој феномен да се набљудува со соодветна заштита

Дневен хороскоп за 12 Август 2026 година

Роналдо се венча со Георгина