Утрински Весник
Свет

САД: Руските трупи добија наредба да ја нападнат Украина

САД: Руските трупи добија наредба да ја нападнат Украина
Dik 300x250 mk

САД имаат разузнавачки информации дека руските војници добиле наредба да ја нападнат Украина, пишува CBS News, додавајќи дека командантите подготвуваат „планови“.

„Американското разузнавање вели дека руските војници сега всушност добиле наредба да започнат инвазија“, рече Дејвид Мартин, дописник за национална безбедност на CBS News.

– Значи, не само што се доближуваат до границата и позициите за напад, туку командантите на терен прават и конкретни планови како да маневрираат во нивниот сектор на бојното поле. Прават се што би направиле американските команданти за да добијат наредба за напад – додаде тој.

Меѓутоа, амбасадорот на Руската Федерација во САД, Анатолиј Антонов уште еднаш ги демантираше информациите дека Москва планира да окупира делови од Украина.

Антонов рече дека руски војници се распоредени на руска територија и дека Русија никому не се заканува.

– Не се обидуваме да окупираме територија на друга држава.

За нас Доњецк и Луганск се дел од Украина – изјави Антонов.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск