Утрински Весник
Свет

Русија ќе испрати докази до Германија за масовните гробници во Донбас

Русија ќе испрати докази до Германија за масовните гробници во Донбас
Dik 300x250 mk

Русија ќе испрати посебна порака до Германија преку дипломатски канали со докази за масовни гробници во Донбас, по изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека обвинувањата за геноцид во регионот се смешни, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаровa.

„ Ова е мојата порака до колегите во германското Министерство за надворешни работи: Во врска со тврдењата на канцеларот Шолц дека изјавите за геноцидот во Донбас се смешни, на германското раководство ќе му презентираме докази за масовните гробници во овој регион за добро да ги проучи“ наведе Захарова на нејзиниот Телеграм.

Таа нагласи дека Русија не може да ги објавува тие материјали, ниту да ги испраќа во Вашингтон, бидејќи „секоја платформа веднаш ќе ги блокира како нелегална содржина“, пренесува ТАСС.

„ Ве предупредувам дека оваа содржина ќе биде неподнослива дури и за оние што виделе се“ додаде Захарова.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека терминот геноцид не одговара на ситуацијата во Донбас и таквите изјави ги окарактеризира како смешни.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени