Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме образованието да стане шведска маса на политички поени

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме образованието да стане шведска маса на политички поени

Откако СДСМ е на власт образованието тоне во хаос. СДСМ лаже кога вели дека со законот за наставници се покачуваат платите, затоа што тој единствено има врска со членот со кој се овозможува брутална партизација; соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ единствено за што се грижи е како да го партизира образованието. Ако им беше за покачување на платите ќе го поддржеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој тие го одбија за да се покачат платите.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се гради систем на нееднаквост и нерамноправност, бидејќи образованието не е шведска маса на политички поени иако за жал СДСМ го доведе до степен.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има. Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт