Утрински Весник
Спорт

„Јунајтед ќе направат грешка ако го задржат Роналдо“

„Јунајтед ќе направат грешка ако го задржат Роналдо“
Dik 300x250 mk

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој заедно со екс капите от на Манчестер јунајтед, Гери Неви, работи како стручен коментатор за „Скај спорт“, го анализирал придонесот на Кристијано Роналдо во победата над Барнли (2:0).

Карагер смета дека квалитетот на Португалецот не е спорен, но дека Манчестер јунајтед не треба да го задржат во клубот по завршувањето на сезоната.

„Секако дека никој не го оспорува неговиот квалитет. Непроценлив беше неговиот придонес во победата над Брајтон. Повторно видовме и каква страст има кон фудбалот. Сепак тоа не може да ја смени реалноста. Јунајтед се наоѓа во фаза на формирање на нов тим, челниците направија грешка кога го вратија Роналдо. Ќе направат уште поголема грешка доколку го задржат за наредната сезона. Што и да се случува, дали Јунајтед ќе бобеди или ќе биде поразен, дали Роналдо ќе постигне гол или ќе прекине голгетерски пост и понатаму многу повеќе се зборува за брендот „КР7“, а недоволно се зборува за тимот“, рекол Карагер.

Манчестер јунајтед, наредниот меч во Премиер лигата, ќе го одиграа утре од 15 часот, на „Еланд роуд“ против Лидс.

> „Јунајтед ќе направат грешка ако го задржат Роналдо“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула