Британското Министерство за одбрана објави видео на кое, меѓу другото, е прикажана мапа со распоредот на воените сили на Руската Федерација, како и можен план на Кремљ за наводна инвазија на Украина.
„ Не видовме докази дека руските трупи се повлекуваат од пограничните области на Украина“, наведува британското Министерство во видеото објавено на својот официјален профил на Твитер.
INTELLIGENCE UPDATE: We have seen no evidence that Russian forces are withdrawing from Ukrainian border regions.
Russia retains a significant military presence that can conduct an invasion without further warning. pic.twitter.com/qTYrItLxCf
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) February 17, 2022
Во видеото се оценува дека Русија задржува значително воено присуство, со кое, како што се тврди, може да ја изврши инвазијата без дополнително предупредување.
На прашањето „Зошто претседателот Путин сака војна?“, беше кажано дека шефот на руската држава ја гледа Украина како зона на одвојување во однос на НАТО и дека смета дека земјата е културен и историски дел од Русија.
„ Не се прифаќа Украина како независна држава, но таа е независна држава“, се вели во видеото.
Путин, како што се додава, исто така не е среќен поради аспирацијата на Украина за влез во НАТО и сака да ја врати под руска контрола. Понатаму се наведува дека Русија дистрибуирала огромен број војници долж границата со Украина, а британски разузнавачки извори тврдат дека Русија продолжува брзо да ја зголемува својата воена моќ.
Во видеото се додава и дека британските разузнавачки извори укажуваат на ненормална активност на руската морнарица, од вежби во Северен Атлантик, Балтичко Море и Средоземното Море.
Во видеото Министерството ја презентира анализата дека северната украинска граница е во центарот во однос на позициите на руските воени сили, што е, како што беше оценето, „директна закана за главниот град Киев“.
Инвазијата, како што беше заклучено, може да започне за неколку дена, а графикот го покажува можното движење на руските воени сили.
На крајот од видеото се заклучува дека, доколку претседателот Путин избере војна, значителен број луѓе ќе загинат за да го добијат тоа што го сака.
„ Но, претседателот Путин сепак може да избере мир. Тој може да избере дипломатија и да ги деескалира тензиите. Тој може да избере превенција од конфликти“, соопшти британското Министерство за одбрана.